Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Две кумановки, синоќа на улица се испотепале и кубеле коси за дечко. Тепачката се случила во 17.30 часот на улицата „Братство Единство„, поточно на долниот влез на Градската џамија.
Р.М.(20) од селото Алешевце, и Љ.М.(19) од Куманово, предходно седеле во слаткарница каде започнале расправија за дечко. Кога излегле од слаткатницата Р.М. тргнала на автобус кај Градскиот стадион, а Љ.М. и нејзината пријателка С.С. пошле по неа. Во мрачната улица на влезот за Пошта, двете девојки се нафрлиле врз ривалката, удирајќи ја со тупаници и коци по главата и телото, а ја влечеле и за коса. Откако и ја зеле чантата во која имала 2000 денари и лични документи, побегнале.
Одеднаш почна некој да вреска и да вика, „Помогнете ми„! Немаше многу луѓе на улица, ама неколку мажи што беа во близина, не презедоа ништо. Додека да притрчам, двете девојќи веќе заминуваа и упатија погрдни зборови кон девојчето. Тоа целото расплакано и разбушавено почна да трча по нив. За среќа на автобуската постројка спроти џамијата имаше полициско возило и го пријави случајот - вели очевидец на настанот.
Полицијата брзо ги пронашла и ги привела напаѓачките и во тек се мерки за расчистување на случајот. Против Љ.М. и С.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.