Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Шест претставнички од организација на жени “Кумановка“ денеска во Кратово ќе дискутираат за воспоставување на институционални механизми во државата за решавање на семејно насилство.
Тие ќе презентираат што се е сработено во Куманово во справување со семејно насилство.
Ќе дадат податоци колку е зголемено семејното насилство и кои механизми ние ги користиме во нашата општина како најголема во Република Македонија. Се зголемуваат случаите на семејно насилство. Ние од невладините доста работиме. Во Скопје се отвори меѓуопштински семеен центар каде даваат психолошка поддршка на жртвата, децата и третман на насилникот. Јас сум потписник на меморандум за соработка, исто и од Центарот за социјални работи се потписници на тој договор - изјави Виолета Петровска, претседател на “Кумановка“.
Настанот во Мултимедијалниот културен центар во Кратово го организира Општина Кратово и УНДП, а ќе присуствуваат пратеници, претставници од МТСП и други.