Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Лизгалиштето ќе биде монтирано на Кејот на реката Кумановка до Нова година.
На едно од игралиштата на Кејот на реката Кумановка, до крајот на месецот младите ќе добијат современо лизгалиште. Идејата за отварање на лизгалиште е актуелна од мината година, а на вчерашната седнаица Советот даде согласност и обезбеди почетни сретства за нејзина реализација.
Користејќи ги искуставта на поголемите градови на Балканот, но и Скопје, имаме желба и нашите дечиња да имаат една таква можност да уживаат во убавините на зимата. Остваривме контакт со фирми кои изнајмуваат опрема за лизгалиштето, и добивме понуда. Проектот ќе го води комерцијална фирма, а ние како Општина за потребите на учениците ќе добиеме гратис термини за развој на училишниот спорт- вели градоначалникот Зоран Дамјановски.
Доколку интересот на граѓаните биде голем, тогаш локалната самоупреава наредната година сама ќе инвестира во изградба на лизгалиште.Лизгалиштето ќе биде монтирано на околу 25 декември, а ќе работи до првата половина на март догодина.