Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Куманово за месец дена ќе профункционира првиот приватен Центар за ран детски развој, лоциран на улицата “Питу Гули“.
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов денеска на сопствениците им го врачи решението за работа. Центарот за ран детски развој има капацитет за згрижување на 60 деца на возраст од 3 до 6 години. Спасов вели дека се зголемува бројот на центри за ран детски развој, приватни градинки и воопшто згрижувањето на децата од предучилишна возраст.
Овој Центар за ран детски развој е третиот кој што се отвара по ред и е приватен, односно со него стопанисува приватен стопанственик и очекуваме во наредниот период, уште повеќе да се развива оваа дејност. Центрите за ран детски развој ја вршат функцијата слична на приватните градинки, односно вршат дејност на згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст и спроведуваат програмски активности од програмата за рано учење и развој. Изминатите години значително се зголемува опфатот на деца во градинки и центри“-изјави Спасов.
Од Центарот за ран детски развој велат дека немањето простор за згрижување на сите деца во градинка, ги поттикнало да отворат ваков центар. Кажаа дека преку мерките за вработување на Владата ќе ангажираат четири лица.
Имаме стручен кадар што ќе ги мониторира децата во телесните деформитети кои можат најлесно да се воочат во раните години. Целиот кадар што ќе биде вклучен во едукација на деца е лиценциран. Понатаму планираме да се доедуцираме од некои светски реномирани центри како што се Монтесори и НТЦЦ“- рече Викторија Соларска, директорка на Центарот за ран детски развој.
Центарот за ран детски развој ќе работи од 8 до 20 часот, а децата ќе се згрижуваат за три часа.