×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово ќе му помага на Липково во справување со коронавирусот

    02.06.2020 18:55 | KumanovoNews

    Општина Куманово ќе му помага на Липково во справувањето со кризата по зголемениот број на заболени од коронавирусот, беше одлучено на денешниот состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување(ОШЗС).

    Куманово ќе му помага на Липково во справување со коронавирусот

    „Поради новонастанатата ситуација и зголемен број на заболени од вирусот КОВИД-19 во соседната Општина Липково, ОШЗС Куманово со своите расположливи ресурси стои на располагање за помош при справување со епидемијата на ОШЗС Липково“, стои во соопштението на Кризниот штаб.

    Плашејќи се да не се врати вирусот во Куманово, од штабот бараат од Комисија за заразни болести да провери дали се почитува протоколот за утврдување и лекување на пациентите суспектни и потврдени од КОВИД-19, кои се праќаат на лекување во кумановските здравствени установи.

    „Сметаме дека непридржувањето до протоколот може да доведе до епидемиолошко загрозување на Општина Куманово и вработените во Општа болница Куманово и бараме да се упати апел до матичните лекари од Општина Липково да се придржуваат до протоколите, заради поуспешно лекување на заболените и спречување на ширење на епидемијата од соседната општина во Општина Куманово“, додаваат во соопштението.

    Поради ширењето на епидемијата и создавање на ново жариште на коронавирус во Липково, од денеска, екипата на Центарот за јавно здравје од Куманово започна со масовно тестирања во липковските села, а напомош пристигнаа епидемиолози од Кратово и Крива Паланка.

        Кризниот штаб побара од Општата болница Куманово, Центарот за јавно здравје и Брзата помош, колкав е бројот на тетирани, позитивни, хоспитализирани, број на третирани лица и излечени минатиот месец во општините Куманово и Липково.

    Во наредниот период ќе продолжи дезинфекцијата во во Општа болница Куманово.