×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово ќе се вклучи во акцијата “Македонија без отпад“

    29.09.2014 10:49 | KumanovoNews

    Општините од североисточниот регион на 4 октомври ќе се вклучат во акцијата “Македонија без отпад“.

    Куманово ќе се вклучи во акцијата “Македонија без отпад“

    За таа цел денеска претставници од локалните самоуправи, градинката, РЦУК, АРМ, Центарот за развој на североисточиот плански регион одржаа координативен состанок со активисти на асоцијацијата “Ајде Македонија“, која е организатор. Тие добија насоки за спроведување на акцијата и  ќе треба да осмислат еко активности.

     “Ќе ги дефинираме локациите, потоа ќе ги информираме граѓаните за да знаат каде да се вклучат. Целта е да се подигне свеста за создавање помалку отпад. Североисточниот регион досега се покажуваше доста солиден во активизмот и приклучување на акцијата така што очекуваме исто да биде и оваа година. Се залагаме да имаме што повеќе општини и да ги рушиме нашите граници“ - изјави Горан Георгиев, координатор во “Ајде Македонија“.

    Македонија се приклучува кон глобалната кампања за расчистување на отпадот која ќе се одвива во повеќе од 160 земји во светот.

    „Лани имавме акции за чистење во сите школи во Липково и планираме да продолжиме и оваа година. Имаме план тоа да се прошири, да не биде само со ученици, но сеуште е под знак прашалник. За два дена активностите ќе ги прецизираме. На 4 октомври е Курбан Бајрам и ние акцијата ќе ја направиме најверојатно на 6 или 7 октомври“ - рече Ваџид Аљија, управител за отпад во општина Липково.

    Акцијата “Македонија без отпад“ се прави по трет пат, а лани во неа се вклучија 40.000 македонски граѓани.