×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово доби 47,7 милиони денари за изградба на канализациja во Табановце, Четирце и Сопот

    11.07.2021 07:57 | KumanovoNews

    Владата одобри 800 илјади евра на Општина Куманово за изградба на канализациja во селата Табановце, Четирце и Сопот.

    Куманово доби 47,7 милиони денари за изградба на канализациja во Табановце, Четирце и Сопот

    Договорите за реализација на инфраструктурните проекти на локално ниво, согласно Програмата ТАВ за поддршка на 34 општини и финансиски средства од Владата, во соработка со меѓународни финансиски институции, партнери и соработници што се насочени кон развој на општините, веќе се потпишани и следи нивна реализација.

    „Овие се реални проекти за реални потреби на нашите граѓани, за наш поквалитетен живот, за подобра денешница и иднина на нашите деца. Секој еден граѓанин заслужува да има исти или подеднакви услови за живот со сите други“, рече заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи на доделувањето на договорите.

    Градоначалникот Максим Димитриевски објави дека е потпишан договорот помеѓу Општина Куманово, ТАВ Македонија, изведувачот и Владата за изведба на основен проект за фекален колектор за трите села: Сопот, Табановце и Четирце, со вредност од 47,7 милиони денари.

    Средства се обезбедени од ТАВ, концесионерот на аеродромите во државава, откако ги пренамени од првично планираната намена за изградба на карго аеродром во Штип.

    (С.Н.)