Куманово домаќин на боксери од 15 држави на турнирот „Мирослав Петровиќ“
08.06.2026 14:35
| KumanovoNews
На Градскиот плоштад во Куманово, од 11 до 13 јуни ќе се одржи шестиот Меѓународен боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“.
Овој престижен спортски настан ќе обедини врвни млади боксери од 15 држави: Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Австрија, Белгија, Германија, Италија, Романија, Бугарија, Казахстан, Турција, Молдавија и Унгарија.
„Турнирот претставува значајна можност за промоција на боксот, спортскиот дух, меѓународната соработка и пријателството меѓу младите спортисти од Европа и пошироко“, велат организаторите од БК Куманово 84 и Националната боксерска федерација на Македонија.
Турнирот се одржаува под покровителство на Општина Куманово и Министерството за спорт.