×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово е дел од проектот „ЕУ за чист воздух“, кој вреди 10 милиони евра

    27.07.2023 08:10 | Сузана Николиќ

    Општините Куманово, Скопје, Битола, Тетово се дел од проектот за подигање на квалитетот  на воздухот во нивните средини, за што ЕУ одвои помош од 10 милиони евра.

    Куманово е дел од проектот „ЕУ за чист воздух“, кој вреди 10 милиони евра

    Целта на проектот „ЕУ за чист воздух“ е да се намалат емисиите на загадувачи и честички во Куманово, Скопје, Битола и во Тетово, со што ќе се подобри квалитетот на воздухот во земјава. 794.540 жители од четирите урбани центри директно ќе имаат придобивка од подобрените системи за греење во 70 јавни згради со површина од 200.000 квадратни метри, ќе се инсталираат нови станици за следење на квалитетот на воздухот и ќе се засадат 6.000 садници дрвја.

    Буџетот од 10 милиони евра ќе се спроведува во период од три години до 2026 година.

    Во присуство на министерката за животна средина Каја Шукова, градоначалниците на четирите града вчера во Битола, шефот на делегацијата на Европската унија, амбасадорот Дејвид Гир и Микела Телатин, директорка на канцеларијата на УНОПС за Северна Македонија го најавија почетокот на програмата „ЕУ за чист воздух“.

    Програмата „ЕУ за чист воздух“ произлегува од Европскиот зелен договор и целта е цела Европа да стане првиот климатски неутрален континент до 2050 година.