×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово е град со многу функционери во владата и со нула инвестиции, кажа Мицковски

    17.05.2023 12:08 | Оливера Пешевска

    Градот кој е носител на слободарскиот дух и пркосен паметник на сите наши борби и страдања низ историјата, Куманово градот на традицијата, многу легенди, градот на соживотот и разбирањето, но и на многу нерешени проблеми, град кој за жал е заборавен од централната власт, град на народ кој страда поради неспособноста да се води политика на решенија и на создавање на иднина, кажа Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашната трибина на Градскиот плоштад во Куманово.

    Куманово е град со многу функционери во владата и со нула инвестиции, кажа Мицковски

    Тој додаде дека Куманово има многу проблеми, но и многу функционери во владата, кои, за жал, не донеле ниту една инвестиција за народот.

    „Куманово како и сите други македонски градови 32 години ја чека својата пролет, својот нов почеток на живеењето на сонот кој го сонуваме заедно и исто толку години е разочаруван. Денес народот нема повеќе време за чекање. Многумина се иселуваат, а тие што се тука ја губат вербата во државата. Имаме нови генерации кои се израснати во проблеми, откажувања, препукувања и лош живот, живот на континуирани поделби и омраза. Куманово го фрлија на маргините. Паметите ли некоја инвестиција, некоја добра вест за Куманово, некоја нова фабрика, поврзување или проект за градот. За жал, такво нешто нема. Фокусот на оваа тесна клика која владее е во криминалот, разграбувањето и личните интереси“, кажа Мицковски пред присутните.

    Тој од Куманово на актуелната власт и порача, дека ВМРО-ДПМНЕ силно ќе ги порази на следните парламентарни и претседателски избори.

    Пред присутните се обратија, и за локални теми зборуваа Бобан Николовски претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеникот Бране Петрушевски.

    „Нашите советници за овој краток период, од една ипол година покажаа како треба да се однесува еден советник во Совет на општина Куманово. Системски почнаа да работат луѓето, работат посветено, со перманентна комуникација со граѓаните, ги решаваат нивните проблеми на дневна основа, идат по општината и секторите,се распрашуваат за нивните проблеми и ги известуваат на катадневна основа. И дури кога не можат да помогнат, кога решението не е во општината ги упатуваат онаму кај што треба да го бараат своето решение. Посветено и системски се вклучија во извршувањето на нивната работа“, кажа Николовски.
     
     Петрушевски потсети на сериозните инфраструктурни проблеми во градот и приградските населби, како и за проблемите на земјоделците и сточарите.  

    „Комуналната инфраструктура, патиштата се девастирани во Куманово, сериозни проблеми има во делот на бирократијата. Луѓето од руралните средини во подрачната единица на Министерството за земјоделие не можат да дојдат до она што им следува како субвенција, зборуваме за сточарство кое е уништено. Производство на храна од година во година е се помало. Статистиката покажува дека секоја година Македонија е се поголем увозник на храна, а помал производител“, истакна Петрушевски во неформалниот дел.

    На трибината беше кажано и дека половина милион наши сограѓани живеат во сиромаштија, со само 150 денари на ден, а повеќе од 33 илјади лица живеат во екстремна сиромаштија. Статистиката покажува дека секое трето дете доживеало прехрамбена сирмоаштија во 2022 година. Цените на храната пораснале за повеќе од 22%, додека цените на некои прехрамбени производи се зголемиле за дури 36% . Инфлацијата е високи, а платите на работниците губат вредност пред налетот на општиот ценовен шок. Стапката на раст на БДП во последното тромесечие на 2022 година е само 0,6%. Параметрите во економијата се многу слични како во, во Украина. Најновотот истражување на Галуп покажалоа дека повеќе од 40% од Македонците би се иселиле од Македонија, што значи дека луѓето тука не ја гледаат иднината.