Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градот има три големи паркови, зелениот појас кај Спомен Костурница и многу цветни садници. Во последнава година нови зелени површини има на влезот и излезот од градот, на Градскиот Кеј и на Плоштадот.
Според уреденоста на зелените површини, Куманово е втор град во Македонија. Градот има три големи паркови, плус зелениот појас кај Спомен Костурница и многу цветни садници. Во последнава година нови зелени површини има на влезот и излезот од градот, на Градскиот Кеј и на плоштадот.
Од ЈП “Чистота и зеленило“ велат дека овие површини бараат постојан ангажман, косење, полевање и кроење. Секоја сабота на барање на граѓаните се работи на терен. За одржување на зеленилото се ангажирани 36 работници, а стручен тим во координација со општината одлучува каде ќе се засадат нови садници.
Се садат рози, сезонско цвеќе, украсни грмушки, зимзелени и листопадни садници по стототина наеднаш. Има едногодишни и двегодишни цвеќиња. Во Скопје, Велес, Струмица и Кочани на бандерите имаат жардињери. Ние се обидовме. Можеме да ги поставиме, ама не можеме да ги сочуваме. Во есенскиот и пролетниот период имаме најмногу работа. Ако цвеќето се оштети, исуши, веднаш го заменуваме. Цел булевар 3МУБ до Света Мина го украсивме со жардињери - велат од ЈП“Чистота и зеленило“.
Од ова претпријатие настојуваат што повеќе зелени терени да има и во приградските населби. По потреба помагаат и на општините Липково и Старо Нагоричане.
Најзелен град во земјава е Кочани кој беше прогласуван за најчист град и сеуште го држи приматот. На трето место е Струмица која доста напредува и ги зголемува зелените површини.