×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово еден од градовите во кој ќе се спроведува масовна вакцинација

    14.04.2021 13:33 | KumanovoNews

    Министерот Венко Филипче најави масовна вакцинација на повеќе локации низ државата, онаква каква што во моментов се спроведува во „А1 Арената Борис Трајковски„ и во здравствените домови кои имаат кадрови капацитети за да го изменаџираат овој процес.

    Куманово еден од градовите во кој ќе се спроведува масовна вакцинација

    Со ова се планира значително да се интензивира процесот на имунизација во моментот кога ќе пристигнат поголемите количини на вакцини, во периодот кој следува.

    „Во овој период којшто е пред нас ќе работиме очекувајќи ги кинеските вакцини кои ќе направат најголема промена во динамиката на спроведување на вакцинацијата. Места за масовна вакцинација во уште неколку градови по примерот на салата Борис Трајковски, а тоа ќе бидат градовите Куманово, Штип, Кавадарци, Битола, Охрид и Тетово покривајќи соодветни региони околу овие Здравствени домови кои може овој процес да го изменаџираат со кадар“ - рече Филипче.

    Во однос на вакцинацијата во А1 Арената Борис Трајковски од утре се очекува да продолжи процесот на имунизација со трите типа на вакцини - Астра Зенека, Спутник В и кинеските од производителот Синофарм со вакцинација на граѓани на возраст од 73 и 74 години. Пријавени се околу 5000 граѓани кои ќе бидат вакцинирани, а како стигнуваат следните количини вакцини така ќе се надоврзат на процесот на вакцинација соодветно на возрасната граница.

    (С.Н.)