×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Куманово-гас“ ја намали цената на гасот од 90 на 60 денари

    27.01.2023 11:32 | Оливера Пешевска

    ЈП „Куманово Гас“ од први февруари гасот ќе го продава по пониска цена, наместо досегашните 90 денари за киловат час новата цена ќе биде 65 денари.  Намалувањето од 30 отсто се должи на падот на цената на светските берзи.
                

    „Куманово-гас“ ја намали цената на гасот од 90 на 60 денари

    „Ова е убава вест и навестува дека можеби ќе дојде до стабилизација на цените на енергенсите. Сега сме конкурентни со цената, повторно е поевтино да се загрева на гас, отколку на нафта. Очекуваме нашите корисници, кои на почетокот на сезоната се префрлија на други енергенси да се вратат на т.н. плин, заради помало оптоварување на домашниот буџет и поедноставен начин на загревање на домовите“, изјави Марко Митровски, директор на ЈП „Куманово гас“.

     На почетокот на грејната сезона во ноември, цената на природниот гас се зголеми за 3-пати во однос на предходната година, заради што голем дел од корисниците ги откажаа услугите на ЈП „Куманово гас“.   

    ЈП „Куманово-гас“ има 23 километри гасоводна мрежа, на која се приклучени 400 физички и правни лица. Општината и јавното претпријатие во изминатите години го субвенционираа приклучокот за граѓаните, заради финансиските и еколошките придобивки. На гасоводот се приклучени и повеќа јавни институции, училишта, градинките и други државни и општински установи.

    Од „Пром Гас“ од Скопје, еден од главните узвозници на природен гас во Македонија, дека релативно топлата зима значително ја намали искористеноста на залихите на гасот во Европа, па се очекува и дополнително намалување на цените во наредните месеци.