×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово го нема на патоказите на автопатот

    22.10.2011 10:42 | KumanovoNews

    Агенцијата за патишта нема намера да менува нeшто на новата траса, бидејќи  било доволно тоа што Куманово го  имало на патоказ на стариот автопат.

    Куманово го нема на патоказите на автопатот

    На патоказите на новата делница на автопатот од граничниот премин Табановце, Куманово е заборавено. На ниту една информативна табла од двете страни на автопатот, нема информација дека Куманово е првиот град во државата за патниците кои влегуваат од северната граница. Намерно или случајно, ознаката за Куманово ја нема на ниту една од осумте новопоставени табли, а испишана е оддалеченоста на Атина, Скопје и Велес. На клучките е обележено исклучувањето за селата Речица и Табановце, и само за градовите Софија и Крива Паланка. Од она што го видовме на самото место, никаде не е оставен простор да се допише името на Куманово. Единствена ознака има само на влезот на градот на стариот дел на автопатот, пред клучката кај надвозникот „Искра„.

    Бев благо шокирана кога видов дека никаде на автопатот не е неведено колку километри има до Куманово, а поставени се толкави табли со натписи на другите градови од државата и од странство. Незнам за што се работи, но ми смета што мојот град е изоставен  во ознаките. Ако некој доаѓа од страна, нема можност ни да прочита каде е лоциран градот, а не да сврати и да го посети. Според тие натписи испаѓа дека Куманово не е во Македонија - вели кумановка, која го забележала пропустот.

    Од Агенцијата за патишта, која е инвеститор на проектот за новата деланица, велат дека немаат намера да менуваат нешто на новата траса, бидејќи било доволно тоа што имало патоказ на стариот автопат.

    Стручни луѓе кои ја познаваат оваа проблематика велат дека државата има обврска на почетокот на автопатот да постави задолжителна информативна табла на која е наведена оддалеченоста на првото и последното населено место на делницата, а потоа главните градови на државите низ кои поминува автопатот. Според нив името на Куманово морало да се најде на првата табла, а доколку го нема направен е голем пропуст кој мора под итно да се поправи.

    Вертиклната сигнализација на патиштата ја поставува ЈП „Македонија пат„, по барање на Државната агенција за патишта.