×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово го одбележа Денот на независноста на Македонија

    08.09.2022 14:45 | KumanovoNews

    На плоштадот пред споменикот Жена борец, граѓаните на Куманово денеска го одбележаа 8 Септември - Денот на независноста на Македонија.

    Куманово го одбележа Денот на независноста на Македонија

    Свежо цвеќе положија делегации на борците, ветераните, локалната самоуправа, членови на Собранието, АРМ , МВР, институции, училишта, политички партии, невладини организации и граѓани.

    Пред присутните се обрати претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска.

    „На 8 Септември го славиме вечниот сон на македонскиот народ за слободна, суверена и независна Македонија. Нашите предци се бореле со пушка во рака, а ние треба да се бориме со разум и посветеност. Борбата никогаш не престанува. Во тој процес најважно е да не се изгубиме, заборавиме, разделиме и заедно да дејствуваме. И според местоположбата, и според историјата и културата, па и јазикот, сите ние што живееме во Македонија припаѓаме во европско семејство “  истакна претседателката на Советот.

    На овој голем  ден таа повика на зaедништво без разлика на етничката, политичката, верската и родова припадност, со единствена цел за развој и просперитет на Куманово и на Македонија.

    На свеченоста се одржа и пригодна културно-уметничка програма. Гостите можеа да ја разгледаат и изложбата од документи со кои се создаваше државата, Одлуката за одржување на референдумот, Покана за референдум, Декларација за независност, која ја усвои првиот повеќепартиски Парламент на 21 јануари 1991 година, како и орденот „8 Септември“. 

    Оливера Пешевска