×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово го прослави Денот на ослободувањето

    11.11.2022 21:28 | Оливера Пешевска

    Со повеќе манифестации и свечености Куманово ја одбележа 78-годишнината од ослободувањето и 503 години постоење на градот.

    Куманово го прослави Денот на ослободувањето

    Свечена седница се одржа во Центарот за култура каде беа доделени и Ноемвриските награди, а предходно беше положено свежо цвеќе на Спомен костурницата на паднатите борци од НОБ.

    „Нашата општина е пример како треба да функционира една локална заедница, како се гради негува соживотот и реално мултиетничко општество. Додека едни само зборуваат за мултиетницизам, ние истиот го практикуваме на дело. Во Куманово нема поделби по ниту еден основ! Во Куманово има место за сите. И за Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци, Власи, Црногорци, Хрвати, Бугари и сите други заедници се почитуваат и си помагаат меѓусебно. Единствено она што го барам во Куманово е взаемно почитување, уважување, признавање, бидејќи ако сакате некој да ве почитува првенствено треба да го почитувате“, кажа, меѓу другото, кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

    Годинава, добитници на највисокото општинско признание,  наградата 11 Ноември ја добија Витомир Митевски, член и раководител на центар во МАНУ, Синиша Кашавелски, дипломиран ликовен уметник, хирургот д-р Зоран Ѓорѓиевски, просветниот работник Садри Акифи, и дипломираниот правник, професор и тренер по физичка култура и пожарникар, Сашо Илиевски.

    Од правните лица добитници на наградата се Кентаур Импекс ДООЕЛ Скопје, подружница Искра Куманово и АЛФИ Би компани Куманово.

    Благодарници од градоначалникот добија Селајдин Шабани, писател, новинар и просветен работник,Основното училиште „Карпош“,с.Умин Дол,  Центар за дијализа „ДиаМед“, Здружение за промоција и равој на инклузивно општество „Инклузива“ и Балетското студио „Ултра“.