×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово и Бања Лука во силна пријателска врска

    24.04.2014 11:38 | KumanovoNews

    Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски и секретарот на Општината Валентина Алексовска, присуствуваа на одбележување на Денот на Бања Лука.

    Куманово и Бања Лука во силна пријателска врска

    Шеесет и девет годишнината од ослободувањето на градот беше прославена со низа културни и спортски манифестации, како и свечена академија на која беа доделени награди и признанија на поединци и фирми за достигнувања во годината. Куманово и Бања Лука соработуваат со години, а делегацијата од македонскиот пријателски град ги пренесе честитките на граѓаните во престолнината на Република Српска.

    Голема чест и задоволство ми е што денеска сум тука да го прославиме празникот на Бања Лука. Нашето пријателство започна пред пет години, кога како градови на Балсинет, претставници од најголемите општини во бившите југословенски републики и на Балканот, потпишавме меморандум за соработка. Нашата врска постојано зајакнува и имаме одлична соработка на полето на културата, на неколку проекти на Тамбурашкиот фестивал, а наскоро очекуваме соработка и во образованието, спортот и во стопанството.  Граѓаните на Куманово и Бања Лука се со сличен манталитет, секогаш со отворено срце за сите луѓе независно од нивната припадност- рече градоначалникот Дамјановски, во своето обраќање на приемот организиран за гостите од соседните земји.

    Градоначалникот на Бања Лука Слободан Гаврановиќ, се заблагодари за подршката на неговиот колега Дамјановски и најави поинтензивна соработка со кумановската локална самоуправа.

    Со Куманово негуваме силни пријателски односи. Ќе дадеме силна подршка и за економска соработка на нашите стопанствениците кои ќе најдат заеднички интерес. Јас наскоро ќе дојдам во Куманово за да направиме една средба и да размениме искуства за некои важни прашања на локалните заедници. Ние имаме заеднички корени, имавме заедничка држава во која живееме. Отука произлегуваат сличностите во менталитетот, културата, духовноста и историјата- изјави градоначалникот Гаврановиќ за Кумановоњус.

    Покрај делегацијата од општина Куманово на прославата присуствуваа и гости од Ново Место, Пула, Крањ, Нови Сад, Косовска Митровица, Белград...

    Бања Лука има околу 200 000 жители и е втор град по големина во Босна и Херцеговина, административен и регионален центар во Република Српска. Градот пред еден месец добил меѓународно-туристичко признание за најсрдечен град во Југоисточна Европа.