×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово и Старо Нагоричане објавија повик за меѓуопштински превоз на патници

    07.02.2023 12:57 | KumanovoNews

    Општините Куманово и Старо Нагоричане објавија повик за пријавување на компании кои ќе вршат линиски превоз на патници помеѓу двете општини.

    Куманово и Старо Нагоричане објавија повик за меѓуопштински превоз на патници

    Се работи за три редовни и една сезонска линија, а на заедничкиот повик можат да се јават сите заинтересирани превозници. Договорите ќе им важат наредните 5 години.

    Редовни се линиите Куманово - Клечовце - Бељаковце, Куманово - Пелинце и Куманово- Војник- Бајловце, додека сезонска е линијата Куманово - Никуљане - Старо Нагоричане - Стрновац.

    Еден од условите кои треба да ги исполнат превозниците е да има доволен број на автобуси и комбиња со еколошки стандарди.

    Повикот е отворен до 21. февруари.