×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово има мобилен тим за идентификација на ранливи категории граѓани и жртви на трговија со луѓе

    30.05.2023 12:53 | Сузана Николиќ

    Куманово е една од петте општини во земјава, која има мобилен тим за идентификација на ранливи категории граѓани и жртви на трговија со луѓе. 

    Куманово има мобилен тим за идентификација на ранливи категории граѓани и жртви на трговија со луѓе

    „Воспоставивме 5 мобилни тимови во Скопје, Битола, Куманово, Гевгелија и Тетово за идентификација на ранливи категории граѓани вклучително и жртви на трговија со луѓе. Во составот на мобилните тимови има претставници на Центрите за социјална работа,  претставници на МВР националната единица за борба против трговија со луѓе и здруженија на граѓани. Овие тимови во текот на нивната работа постигнаа извонредни резултати и се познати како добар пример, не само во нашата држава туку и во регионот“, кажа министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска на регионалната конференција: „Успешни заедно! Регионални увиди и пристапи за спречување и борба против трговијата со луѓе“ организирана во рамките на проектот на Германско друштво за интернационална соработка „Спречување и борба против трговијата со луѓе во Западен Балкан“.

    Минатата година во земјава се идентификувани 9 жртви на трговија со луѓе, од кои 8 женски и 1 машко на возраст од 14 до 17 години. Министерката информираше дека во 2023 година, три девојчиња биле цел на сексуална експлоатација.

    Тренчевска вели дека државата посветено работи на развивање и подобрување на националните политики за превенција и подигање на јавната свест за појавата на трговијата со луѓе.

    „Трговијата со луѓе претставува сериозна повреда на човековите права и претставува закана за слободата и безбедноста на секое општество. Нашата држава како и земјите во регионот често играат улога во секоја од фазите на трговија со луѓе - како земја на потекло, транзит или дестинација. Би сакала да ги изразам искрените поздрави до земјите од регионот - да ја истакнам потребата од заедничка, обединета акција против трговијата со луѓе, која е транснационален организиран криминал“ рече Тренчевска.