×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово има непречено водоснабдување за првпат откако постои Водостопанство, кажа Илиевски

    02.02.2021 11:39 | KumanovoNews

    Навремена достава на вода во градот, регулирање на деловните односи со ЈП „Водовод“, расчистување на речните корита и одводните канали, како и борба со корупција и криминал во претпријатието, се четирите столба на кои се темели работењето на ЈП Водостопанство „Кумановско-липковско поле“ во изминатите три години рече директорот Оливер Илиевски на денешната прес-конференција, на која даде отчет за своето работење.

    Куманово има непречено водоснабдување за првпат откако постои Водостопанство, кажа Илиевски

    „Доставата на вода се одвива непречено и непрекинато за прв пат откако постои Водостопанство. Третиот вод, односно „бајпас“, не го исклучуваме по завршување на сезоната за наводнување, туку само дел од шахтите ги блиндираме и повторно ја пуштаме водата до ЈП „Водовод“. Па така, во изминатите 3 години испорачуваме вода и во зимскиот периоди и возможуваме градот да не ги користи пумпите поради кои има голема потрошувачка на струја, а тие средства можат да ги пренаменат на друго место, - изјави Илиевски.

    Илиевски потсети дека цената на водата по метар/кубен е намалена дури за 50 отсто, а тоа е благодарение на подобрените односи помеѓу двете водоснабдителни претпријатија.

    „Од јануари 2019 година, цената на вода ја намаливме за половина, односно од 6.4 денари на 3.2 денари по метар/кубен. Со ова, градот има заштеда од околу 42 милиони денари за овие две години. Исто така, сега сме во преговори со „Водовод“ за потпишување на договор во наредните 10 години да функционираме нормално“, -додаде Илиевски.

    Во однос на регулирањето на речните корита и одводните канали и справување со криминалот и корупцијата, кажа дека успешно регулирарале 17.300 метри речни корита и 12.600 одводни канали. Јавното претпријатие имало 910 интервенции во системот на наводнување, за да земјоделците немаат проблеми при користење и секојдневна работа.

    За борбата со криминалот и корупцијата, Илиевски кажа како јавно и танспарентно се одлучиле за решавање на споровите и крвичните пријави против поранешните раководители. Добивале уцени и закани, но продолжиле предметите се во судските органи и чекаат резултати.

    Илиевски најави дека во наредниот период ќе работат на расчистување на дополнителни 5000 метри речни корита и 2000 метри одводни канали, но и ќе се сервисираат системите за затворање на браните Глажња и Липково.

    (Д.Давитковски)