×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово има одлични можности за бизнис

    17.07.2012 11:52 | KumanovoNews

    Градот и околината имаат 120.000 жители , а голем број туристи попат го посетуваат Куманово што создава клима за бизнис кој ќе привлече милион луѓе.

    Куманово има одлични можности за бизнис

    На Куманово му недостига елитна градинка, луксузен хотел, приватно средно училиште, ресторани и кафулиња кои ќе понудат нови содржини, велат добрите познавачи. Според нив во бизнисот треба да се создаде вредност која масовно ќе привлекува клиенти. Една од опциите за бизнис е јавно приватно партнерство, во кое ќе учествува општината која може да понуди објекти, земјиште, правни ресурси, да се вклучи компанија која е веќе докажана на пазарот и да се добие свеж капитал од кумановци кои работат во Ирак или Авганистан.

    Извонредна позиција имаме бидејќи сме погранично место. Може да се направи бизнис атрактивен за скопјани. На луѓето основните потреби им се задоволени, треба да им се понуди нешто луксузно. Граѓаните од Штип, Крива Паланка за викенди не седат дома, туку сакаат да излезат во некој ресторан. Купувањето на луксузна гардероба во светот е многу позастапено за разлика од купувањето на луксузни автомобили. Може да се отворат салони за автомобили, кафулиња со луксузни пијалоци, играчки, детска гардероба - вели Љубиша Петрушевски, декан на Еуро Колеџ  Куманово.

    Граѓаните кои сакаат да почнат сопствен бизнис мора да имаат познавања од оваа сфера. Здружувањето е предуслов за да се опстане. Доколу се работи за поспецифичен бизнис може да се искористат и средства од ЕУ фондовите.