Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Празни, неиздржани и невистинити се обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи се вложува во водоснабдувањето со инсталирање на најсовремена опрема и СКАДА систем на паметно управување, промена на електронски броила и реконструкција на постоечката водоводна мрежа во Куманово. Во моментов Куманово нема проблем со водоснабдувањето, одговорија во соопштение од Општина Куманово, на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека локалната власт во предизборието ветила цевковод од 18,5 километри.
„Вистината за ВМРО-ДПМНЕ покажува дека Куманово има проблем со водоснабдувањето единствено кога државата ја менаџира токму ВМРО-ДПМНЕ. Поради фактот што вештачки и свесно создаваа криза во водоснабдувањето на градот, со свесно намалување на проток на сирова вода од браната Липково до Фабриката за прочистување и производство на вода-Филтер станица, единствено со цел ВМРО-ДПМНЕ да им се закани и одмазди на кумановци поради нивниот искажан непокор кон тогашната власт“, стои во соопштението.
Од таму велат дека градот размислува за изградба на нови капацитети за водоснабдување и тоа со долгорочни проекти кои се базираат на долгорочен период на имплементација од осум години.