×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово ќе добие 1,8 милиони евра од државата за подобрување на водоводната инфраструктура

    17.08.2023 15:20 | Сузана Николиќ

    Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП)  ќе додели 1,8 милиони евра на општина Куманово за подобрување на водната инфраструкура.  Целиот проект изнесува 50 милиони евра и предвидува изградба на водоснабдителни, канализациони системи, пречистителни станици и набавка на опрема во сите општини во државата .

    Куманово ќе добие 1,8 милиони евра од државата за подобрување на водоводната инфраструктура

    „Преку Министерството за животна средина обезбедени се 1.833.804,00 евра за водоводна мрежа за жителите на Куманово. Како општина добивме најмногу средства во државата за изградба на нова водоводна мрежа. Кумановци оваа е одлична работа за сите нас“, објави пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски.

    Средствата се обезбедени од заем од Европската инвестициона банка. Вкупната вредност на заемот за проектот изнесува 50 милиони евра и истиот ќе се отплаќа од Буџетот на Македонија. Крајни корисници на средствата од заемот се општините и општините во Градот Скопје. 

    Mинистерката за животна средина и просторно плaнирање, Каја Шукова, информираше дека Mинистерството со секоја општина ќе склучи договор за донација, а средствата ќе се распределуваат по утврдена методологија за реализација на приоритетни инвестиции за водоснабдителни, канализациони системи, пречистителни станици и опрема.

    Според одлуката на Владата за распределба на средства од заемот на ЕИБ по финансискиот договор за проектот за подобрување на водната инфраструктура, секоја од општините и општините во градот Скопје ќе добијат по 200.000 евра подеднакво, а од останата сума 16 милиони евра ќе бидат распределени согласно индексот за општински развој и процентот на распределба по планските региони според степенот за периодот од 2018 година до 2023 година, додека преостанатите 18 милиони евра ќе се распределуваат во зависност од бројот на население во општините – 70% и бројот на населените места – 30%.

    Според министерката Шукова, оваа распределба е развојна: 46 општини ќе добијат средства помеѓу половина и еден милион евра, на 28 општини ќе им се доделат средства под 500 илјади евра, додека шест општини (7% од вкупниот број на општини) ќе добијат повеќе од еден милион евра.

    Општините веќе доставиле листа со вкупно 373 предлог проекти. Североисточниот  регион има најмалку само 20 проекти, Скопскиот регион најмногу има доставено 67 проекти, Вардарскиот 64, Источниот и Југозападниот по 50, Полошкиот 46, Југоисточниот 40 и Пелагонискиот 36 проекти.

    Министерката Шукова најави и дека во следниот период се планира одржување на работилници со општините со цел објаснување на процесот и обука за пополнување на проектните прашалници. Исто така, Проектната единица за имплементација и Консултантот ќе работат на подготовка на тендерската папки за секоја од општините.