×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово со 340.000 долари ќе се справува со загадувањето на воздухот, предлозите ќе ги дадат граѓаните

    27.09.2024 11:37 | KumanovoNews

    Општина Куманово за реализација на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“, преку Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), од Амбасадата на Шведска и сопствени средства ќе потроши 340 илјади долари. Низ неколку фази на проектот треба да се лоцираат проблемите и да се најде решение. 

    Куманово со 340.000 долари ќе се справува со загадувањето на воздухот, предлозите ќе ги дадат граѓаните

    Овој проект се спроведува во последните 18 месеци и се одвива во четири фази. Во првата фаза УНДП донирало 30 илјади евра за набавка на комјутери, скенери и печатари, како и електрични тротинети на локалните Одделение за животна средина и Инспекторат за животна средина. Истражувањата во траење од една година и форумските сесии се во рамките на втора и трета фаза, како и финалната четврта фаза.   Проектот е финансиран од владата на Шведска преку тамошната Агенција за меѓународна соработка,  Програмата за развој на Обединетите нации и дополнителни средства од општините во вредност од 340.000 долари.

    „Работиме по план за квалитет на амбиенталниот возух и сме една од првите општини со изреализирано ваков план со сопствен буџет и најмногу издвоени средства. Издвојуваме 10 милиони денари за двегодишен период 2024/2025 година, со кои се кофинансира проектот на УНДП и Шведската амбасада. На овие форуми оставаме граѓаните сами да ги креираат мерките кои ќе бидат преземени понатаму“, истакна Александра Георгиевска Протиќ, од Одделението за животна средина, при Општина Куманово, на вчерашната сесија.

    Замислени се три сесии на граѓански форум, каде претставници на институции, установи, претпријатија, здруженија имаат можност да ги презентираат нивните идеи и мислења, и да предложат мерки со кои би се намалило аерозагадувањето во градот.

    Куманово е еден од градовите кој е на врвот на листата по загаденсот во земјата.