×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово ќе добие Боемска улица, најави Илиевски

    27.10.2021 20:52 | Сузана Николиќ

    Кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и Коалицијата, Оливер Илиевски, денеска презентираше неколку проекти за централното градско подрачје во Куманово.

    Куманово ќе добие Боемска улица, најави Илиевски

    „Куманово е град на соживот и пријателство, боемски град. Еден од проектите од најдобрата програма на СДСМ и коалицијата е изградба на боемска улица во централното градско подрчаје. Станува збор за амбиентална пешачка зона во која граѓаните ќе можат да доживеат една друга страна градот. Оваа улица ќе биде во староградски амбиент, хортикултурно уредена со естетско зеленило, со нова урбана опрема, а постоечкото улично осветлување ќе биде збогатено со високо-квалитетни канделабри. Поплочувањето на улицата ќе се изведе со гранитна коцка. Ќе има ресторани и кафулиња, за оживување на ноќниот живот на младите, за туристите, за сите да имаат повеќе места за излегување и дружење“, рече Илиевски.

    „За таа цел улиците „Илинденска“ и „Кирил и Методиј“ ги предвидовме како улици за сообраќај и паркирање единствено за граѓаните кои живеат таму. Предвидуваме и пилот проект во овој дел од градот, за подземен катастар на кабли, висечките кабли од кабловските оператори и од ЕВН, целокупната надземна инсталација ќе биде поставена под земја, со што центарот на градот ќе добие целосно нов лик на кој сите ќе се гордееме, да ја добиеме посакувана глетка на европски град, град пријатен за шетање, за туристички посети“, рече Илиевски.

    Тој додада дека во програмата „Најдоброто за Куманово“ еден од клучните проекти со кој ќе го отпочне мандатот е изградба на модерен плоштад со градско шеталиште, со спојување на двата плоштада „Нова Југославија“ и „ Маршал Тито“.