Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општина Куманово ќе донира 300.000 денари како солидарна помош за Општина Делчево, која беше погодена од големи поплави.
Предлогот на советничката Елена Доцевска Божиновска беше поддржан од сите членови.
„Сметаме дека треба да покажеме гест на солидарност. Во консултација со службите одучивме да предложиме помош од 300.000 денари со цел да се помогне. Непосредно по штетата и по природната непогода, следеше и повик од ЗЕЛС за помош од општините, што е за поздрав, како и одлуките кои ги донесоа дел од советите на општините“, рече Доцевска Божиновска.
Поддршка на предлогот даде и претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска.
„Мислам дека ова е пракса на овој состав на Совет да помага при вакви непогоди и секогаш излегуваме во пресрет и покажуваме емпатија и солидарност кон имотот и лицата. Оваа точка и од моја страна е поддржана“, рече таа.