×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово ќе се справува со аерозагадувањето преку проект финсисиран од Шведска

    20.09.2023 19:38 | Сузана Николиќ

    Во општините Куманово,  Кавадарци, Гостивар, Струга и Струмица ќе се имплементира проект, за справување со загадувањето на воздухот.  

    Куманово ќе се справува со аерозагадувањето преку проект финсисиран од Шведска

    Средствата за проектот се обезбедени од владата на Шведска во висина од 2.284.309 долари, како и со 25.000 долари од Програмата за развој на Обединетите нации и дополнителни средства од општините.

    Со проектот ќе се врши мониторинг на загаденоста и во затворен простор, што ќе се спроведе во училишта и градински во секоја од петте општини.

    „Ќе се мери загаденоста не само со ПМ честичките, туку ќе се утврдува и анализира и присуството на епидемиолошки, бактериолошки и органски компоненти. Оваа програма ќе се спроведе во две фази: првата ќе биде реализирана надвор од грејната сезона, а втората во текот на грејната сезона, јануари-март. На крајот од имплементацијата на проектот ќе се утврди колкава финансиска помош ќе добие секоја од општините“, вели  Армен Григорјан, претставникот на ООН во Македонија.

    Овој мониторинг ќе се спроведе со најсовремена опрема и по светски признати научни стандарди кои се применуваат во најразвиените земји во светот, а ќе го реализира лабораторијата ‘Амбикон‘ од Универзитетот ‘Гоце Делчев‘ во Штип.

    Проектот ќе трае до 2026 година.

    Куманово со години наназад е една од најзагадените општини во државата, особено во зимскиот период кога во најниските делови од градот не се дише од густиот чад и смог.