×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово ќе стане дел од Мрежата на балкански градови Б-40

    24.01.2023 14:12 | Сузана Николиќ

    Куманово ќе се зачлени во иницијативата Б40 Мрежата на балкански градови, која работи на унапредување на соработката и зајакнување на демократијата на Балканот. 

    Куманово ќе стане дел од Мрежата на балкански градови Б-40

    Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, заедно со претседателката на Советот на општината Ивана Ѓорѓиевска, учествуваше на Самитот на Б40 - Мрежа на градови од Балканот, кој се одржа во Атина, Грција. Притоа оствари средби со градоначалниците на Сплит, Никшиќ, Котор, Пловдив, Бургас, Едирне, Велико Трново, Кочевје, Тројан, Чанакале, Истанбул, Атина и Драч.

    „Самитот што се одржува овие два дена претставува добра можност за интензивирање на регионалната соработка. Со градоначалникот на Атина, Костас Бакојанис разговаравме на повеќе актуелни теми. Се заблагодарив за можноста Куманово да се зачлени во Б40 - иницијатива којашто е корисна за целиот Балкан. Куманово е една од најголемите општини во Македонија, таа е мултикултурна општина во која живеат повеќе од 10 заедници, кадешто се трудиме да го подобриме квалитетот на живот на секој граѓанин. Имавме средба и со градоначалничката на Драч Емириана Сако, град со кој сме збратимени, при што дискутиравме за проширување на соработката во полето на спортот, културата, реализација на заеднички проекти и активности со цел економски развој“, кажа Димитриевски.

    Димитриевски имаше имаше свое излагање пред градоначалниците од 10 балкански земји.

    Мрежата на балкански градови е формирана во месец ноември 2021 во Истанбул, а оваа година самитот се одржува во Атина, општина којашто го има презедено претседателството на Б40 Мрежата на балкански градови.