×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово ќе уплати 1 милион денари за помош на настраданите од земјотресот во Турција и Сирија

    07.02.2023 15:56 | Сузана Николиќ

    Советот на Општина Куманово денеска на вонредна седница одлучи да додели 1 милион денари помош за настраданото население од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија. Одлуката е донесена едногласно од присутните 27 советници. 

    Куманово ќе уплати 1 милион денари за помош на настраданите од земјотресот во Турција и Сирија

    „Средствата се од Буџетот на Општина Куманово за 2023 година, од ставката тековни резерви. Средствата во износ од 1.000.000 денари ќе бидат распоредени по 500.000 денари на двете држави“, стои во предлог- одлуката до Советот.

    Општината Куманово веќе воспоставила контакт со дипломатските претставништва и парите ќе бидат уплатени на сметките кои што ќе им бидат доставени, откако одлуката ќе излезе во Службен гласник.