Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По Арачиново, Скопје и Гостивар, Куманово е на листата на градови со најголеми загуби на струја, кажа министерот за економија Крешник Бектеши, кој најави кризна состојба во енергетскиот сектор од 1 септември.
„Точно е дека има загуби на електрична енергија во Општина Арачиново, меѓутоа, загуба има и во Куманово – 16,2 посто, Тетово 10,7 посто, Гостивар – 19,3 посто, Кичево -12,1 проценти, Скопје – 19,6 отсто“, изјави Бектеши, кој најави дека кај сите овие општини и останатите ќе се постапува согласно закон.
Тој вели дека крадење на струја или незаконски приклучок во дистрибутнивната мрежа е кривично дело кое се санкционира согласно закон и најави дека ќе побара од МВР и другите надлежни институции да постапат во сите општини каде има големи загуби на струја, бидејќи според него, тие се на товар на сите потрошувачи на електрична енергија.Загубите на струја, како што рече, се признаваат како трошок кога се одредува цената за струјата.