×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово незаинтересирано за „Македонија без отпад“

    04.10.2013 10:26 | KumanovoNews

     Локалната самоуправа Куманово, нејзините институции и училиштата не се се заинересирани да се вклучат во  проектот “На 5 октомври - Македонија без отпад“ кој утре ќе се спроведува во целата државата.

    Куманово незаинтересирано за „Македонија без отпад“

     На ниво на североисточниот регион ќе се реализираат над 30 акции за чистење на општините, а во Куманово е пријавена само една.

     Утре  ќе го чисти само во дворот и околината на Земјоделското училиште “Киро Бурназ“.

    Општина Крива Паланка ќе се вклучи со 21 акција за чистење на диви депонии во градот и населбите, во Старо Нагоричане ќе се расчистува на десетина локации. Единствено Општина Липково не одговорила на повикот да организира еко - акција за чистење на околината.

    Низ цела Македонија, сите регионални единици на Центарот за управување со кризи ќе бидат дел од проектот “Македонија без отпад“ кој го организира асоцијацијата “Ајде Македонија“ и Министерството за животна средина и просторно планирање. Целта е да се подигне свеста на граѓаните за зачувување на здрава животна средина.

    Во Куманово има диви депонии на секој чекор и штета е што Одделението за заштита на животната средина и невладините организации не покажале интерес и поголема еколошка свест да ги организираат граѓаните во чистење на градот.