Куманово ноќеска го тресеа земјотреси
22.05.2012 05:00
| KumanovoNews
Силен земјотрес ноќеска ги вознемири граѓаните на Куманово. Точно во 2 часот се почувствува првиот најсилен потрес, а потоа во 3.10 часот следуваше уште еден помал.

Потресите траеа неколку секунди и ги разбудија граѓаните на Куманово, но и жителите останатите градови во Македонија.
Земјотресот е со јачина од 5.8 степени, а епицентарот е на 28 километри западно од Софија. Серијата земјотреси покрај во Бугарија и Македонија, се почувствуваа и во Србија.