×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • “Куманово - паркинг“ работи со добивка

    28.05.2014 11:00 | KumanovoNews

    Јавното претпријатије “Куманово - паркинг“ во четвртиот квартал од 2013 година бележи добивка од милион денари.

    “Куманово - паркинг“ работи со добивка

    Директорот Фадиљ Шабани вели дека позитивните финансиски резултат се должат на намалување на трошоци по сите основи и реорганизација во претпријатијето.

       - Мислам дека наредниот период, посебно третиот и четвртиот квартал нашата работа ќе ги даде своите резултати. Позитивните резултати во едно јавно претпријатије можат да се видат после одреден период. На вработените уште им доцни плата, меѓутоа мислам дека со новата реорганизација  и префрлување на одреден број на работници од кај нас во “Чистота и зеленило“ со поделба на надлежности, угостителски објекти планираме да станеме едно од најстабилните претпријатија во градот - изјави  Шабани.

    Со реорганизацијата во “Чистота и зеленило“ ќе преминат 13 луѓе, а во “Куманово - паркинг“ остануваат 35 вработени.

    На денешната седница на Советот на Општина Куманово советниците ги усвоија финансискиот извештај за работење во последниот квартал од 2013, извештај за финансиско работење и работа  во текот на цела 2013, како и финансиски извештај за работење на “Куманово - паркинг“ во првиот квартал од 2014 година.