×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • “Куманово-паркинг“ со добивка ја заврши 2014 година

    12.03.2015 11:41 | KumanovoNews

    Јавното претпријатије “Куманово-паркинг“ со добивка ја завршило 2014 година, тврдат од претпријатието.

    “Куманово-паркинг“ со добивка ја заврши 2014 година

     Според директорот Фадиљ Шабани финансиското работење во претпријатието во континуитет се подобрува, па лани оствариле вкупна добивка од 100.000 денари, а во последниот квартал над 3 милиони денари.

    “Четвртиот квартал ни беше еден од најдобрите и остваривме најголем приход. Преку тој приход успеавме за прв пат да ја завршиме годината со добивка. Дефинитивно јавното претпријатије ќе го заборави минатото кога финансиските извештаи беа во негатива. Верувам дека и понатаму ќе продолжиме со исто темпо и ќе имаме позитивни извешати. Многу е важно што покрај сите тешкотии успеавме да излеземе со позитива„ - изјави Шабани.

    На вчерашната седница на Советот на општина Куманово, советниците ги усвоија извештајот за финансиско работење за последниот квартал од 2014 година, финансиско работење за цела 2014 година и извештај за работа за 2014 година. Советниците имаа забелешка за уличното осветлување во градот.