×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово по трет пат дел од еколошката акција „Генералка викенд“

    13.05.2023 10:22 | Сузана Николиќ

    По трет пат во Куманово се одржа еколошката акција „Генералка викенд“, организирана од „Man and Mountain“ во соработка со општината. 

    Куманово по трет пат дел од еколошката акција „Генералка викенд“

    Оваа година се чистеa локациите околу Гимназија „Гоце Делчев“ и средното училиште „Перо Наков“ од страна на волонтерите и учениците, и повеќе диви депонии од страна на ЈП "Чистота и зеленило".

    Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски се заблагодари на сите волонтери и ентузијасти коишто ја покренаа оваа кампања, и на сите досегашни учесници.

    „Тоа резултираше со многу голем граѓански активизам и покажување на многу поголема одговорност кон заштита на животна средина и дополнително, помодерно и посовремено, почисто урбано живеење. Нашата општина денеска со повеќе активисти од средните училишта, Црвениот крст, вработените во општината, учествува во овој настан на неколку локации, во близина на средното училиште „Гоце Делчев“, средното училиште „Перо Наков“ и во централното градско подрачје.“, стои во изјавата на  градоначалникот Максим Димитриевски, испратена до медиумите.