Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Куманово конечно се приклучи на главниот гасоводен систем на „ГАМА„. Со поставување на мерно-регулационата станица, јавното претпријатите „Куманово-гас„ може да започне со дистрибуција на гас до потрошувачите во градот.
Она што го очекувавме повеќе од една година, толку споменуваната мерно-регулациона станица со капацитет од 6 000 метри кубни гас на час денеска ја поставуваме. Станицата ја монтираат екипита на А.Д.„ГАМА„, која ја приклучи на нивниот преносен систем и ФЗЦ „11 Октомври„ што направи спојување со нашиот преносен систем. Со ова „ГАМА„ си ја завршува својата обврска и се создаваат можности од понеделник да го отвориме вентилот и да го пуштиме гасот низ нашиот систем. Истиот ден ќе се приклучи и првиот потрошувач во градот Домот на стари лица „Зафир Сајто„- рече директорот на ЈП „Куманово-гас„ Момчило Мирчевски.
Според програмата на претпријатието до крајот на годинате ќе се приклучат сите поголеми потрошувачи што ги исполнуваат условите и ги прилагодиле своите системи за затоплување на гас, а тоа се градинаката „Синоличка„, Општината и јавните претпријатија „Чистота и Зеленило„ и „Водовод„. Од идната година се очекува масовна гасификација, како на фирмите, така и на домаќинствата.
Се очекува градот за две години целосно ќе биде гасифициран. До сега се потрошени 4 милиони евра исклучиво сретства од буџетот на општина Куманово, а проектот чини околу 10 милиони евра и ќе се довршува со јавно-приватно партнерство- вели Мирчевски.
ЈП „Куманово-гас„ преоктот го започна пред 4 години и досега реализираше околу 30 одсто од предвиденото, и постави 10 километри цевковод низ централното градско подрачје.