Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Започна украсувањето на градот по повод новогодишните празници. Екипите на Електро-Куманово денеска ги поставуваа светилките на Градскиот плошта и на улиците околу него. За оваа намена Советот на Општината извои 1,5 милион денари.
Оваа година за првпат новогодишниот амбиент во Куманово ќе биде како во светските метрополи. Набавивме елка висока 9 метри и широка 3 метри, која ќе биде поставена на плоштадот. Имаме доста нови светилки, а ќе бидат употребени и минатогодишните, така да ќе биде богато украсено. Се надевам дека граѓаните ќе бидат задоволни како празнично ќе ни изгледа градот- вели Маја Антевска-Додевска, помошник директор во ЈП „Куманово-паркинг„.
Со украсување ќе биде опфатено централното градско подрачје, главните сообраќајници и влезот и излезот на градот. Украсите ќе останат до крајот на јануари.