Куманово со најмногу дозволи за градба во регионот
09.05.2014 12:13
| KumanovoNews
Куманово во март годинава има најголем број на издадени одобренија за градба во североисточниот регион.
Според податоци на Државниот завод за статистика, во Куманово се издадени 7 одобренија од кои 4 се за физички, а 3 за деловни субјекти. Во Кратово и Липково има само по едно одобреније за градба дадено на деловен субјект, а во Крива Паланка едно одобреније за физичко лице.
Во општините Ранковце и Старо Нагоричане во март воопшто не се издадени дозволи за градба.
На ниво на држава во однос на истиот период лани има зголемување на бројот на издадени одобренија за градба.