×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово средно транспарентна, Крива Паланка најтранспарентна општина во регионот

    26.05.2023 12:13 | Жаклина Цветковска

    Куманово останува во категоријата на општини со средно ниво на транспарентност и се наоѓа на 17 место со 46,5 бодови од вкупно 89 мониторирани веб страници на општините, центрите за развој на планските региони и ЗЕЛС, како иматели на информации кои се обврзани да ги објавуваат.

    Куманово средно транспарентна, Крива Паланка најтранспарентна општина во регионот

    И во 2021 година Општина Куманово беше рангирана на истата позиција и во истата категорија на проактивна транспарентност.

    Мониторингот е спроведен од страна на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, во периодот од 10 април до 15 мај 2023 година.

    Според резултатите најтранспарентна општина во Североисточниот регион е Крива Паланка, која го зазема 9-то место и е меѓу општините со високо ниво на транспарентност. На листата на општини со средна транспарентност, каде е и Куманово, се наоѓаат и Кратово на 49-то место и Старо Нагоричане на 60-то место.

    Липково и Ранковце се општини со ниско ниво на транспарентност и го делат 69-то место. Кај Липково има извесно поместување во однос на 2021 година која општината се наоѓала во групата на многу ниско ниво на транспарентност. Ниска транспарентност има и Центарот за развој на Североисточниот регион кој е речиси на крајот на табелата, односно на 80-то место.

    Според резултатите од мониторингот, најтранспарентни се Општините Валандово, Демир Хисар, Берово, Битола и Делчево. Општините Арачиново и Зелениково повторно се со најмалку објавени информации.

    „Мониторингот на веб страниците на Општините и Центрите за развој на планските региони покажа дека како иматели на информации од јавен карактер истите треба да ја подобруваат и зајакнуваат што повеќе својата проактивноста кон граѓаните“, стои во извештајот на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер.

    Проактивно објавените информации на имателите треба да бидат лесно достапни и разбирливи, да можат да се употребат, да бидат релевантни за граѓаните и истите редовно да се ажурираат.