×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово станува галерија на отворено, се одржа петтото издание на „Графити фест“

    21.05.2023 08:15 | Оливера Пешевска

    Двесетина уметници од регионот учествуваа на убилејното издание на манифестацијата „Графити фест“, која вчера се одржа во Куманово.  

    Куманово станува галерија на отворено, се одржа петтото издание на „Графити фест“

    Уметниците работеа на оплеменување на просторот на ул. Лесковачка - сликаа на потпорниот ѕид на зградите.

    „Немаше зададена тема, секој од уметниците си црта она што си замислил. Крајната слика нема да е мурал, туку повеќе различни цртежи. Така уметниците најдобро се изразуваат, а и секој има различна техника и начин на работа, дури и да работат на иста тема ќе добиеме 20 различни интерпретации“, изјави Дејвид Стоилковски, од Здружението за ликовна уметност Форма Куманово.

    „Графити фест“ секоја година привлекува се поголем број на учесници и посетители. И оваа година најголема поддршка беа младите, родители со деца и жители од околните згради.

    За малиот јубилеј од 5 години постоење учествува  уметници од Македонија, по двајца од Србија и Бугарија и по еден од Босна и Херцеговина, Хрватска, Турција и Словенија.

    Бенјамин Ченгиќ со псеудоним Зијан е од Сараево, Босна и Херцеговина и вчера пристигнал директно од  фестивалот  „Денови на урбаната култура“, во Чачак, каде завчера завршил еден муралот.  Тој има и свој фестивал во Сарево на кој работи, а понекогаш учествува на вакви настани.

    „Во целокупниот регион се повеќе уличната уметност станува прифатена, и луѓето од целиот екс Ју регион, кои беа против сега сфаќаат дека и ова е некаква врста на уметничко изразување и уметност. Мислам дека имаме се поголема поддршка и од јавноста. И ние уличните цртачи се умрежуваме, соработуваме и создаваме  заеднички проекти што во суштина е најбитно“, изјави Зијан.

    Настанот беше можност сите заинтересирани да видат како се создава улично уметничко дело. Имаше забава со диџеј и неколку штандови со пијалоци. Забавата продолжи по завршување на проектот со журка во кафе - бар во центарот на градот.

    „Графити фест“ е единствена манифестација во Македонија, која неколку години наназад  дава нов лик на урбаниот простор во Куманово и ги оплеменува запуштените места,  отсликувајќи ја  душата на  уличната уметност и креативноста на младите.

    Овие млади уметници се препознаени во земјата и странство по нивните автентични уметнички дела и графити. Тие изработија мурали на Блаже Коневски во Скопје, Гоце Делчев во Куманово,  творци и на муралот посветен на нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски. Во Куманово нивните мурали красат повеќе станбени блокови, училишта и јавни објекти.

    Боите и материјалите за работа се обезбедени од средства на здружението и спонзорство на приватни лица и компании.