Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Куманово околу 19 часот беше најзагаден град во земјата. Концентрацијата на ПМ честичките беше 212 mg/m3, што е за 5,5 пати над дозволената граница 50 микрограми на еден метар кубен.
Зголемувањето на загаденоста се должи на тивкото време без ветар и грејната сезона, големата концентрација на автомобили, но и несовесните граѓани кои постојано палат на отворено и стопанските субјекти кои користат гуми и штетни материи за горење.
Најголема концентарција на смог има на булеварот Октомвриска револуција, бидејќи постојано се палат гуми и ѓубре. Густ црн чад се спушта покрај реката и ја обвиткува населбата, па не може прозор да се отвори, ниту да се излезе надвор.
Граѓаните бараат инспекциските служби да ги казнат прекршителите на законот, а локалната самоуправа да се справи со проблемот на загадувањето.
Вечерва зад Куманово се Тетотво со 198 mg/m3, Скопје Ректорат 192 mg/m3 итн.