×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановоњуз ви ги претставува одблизу добитниците на Ноемвриска награда 2022

    11.11.2022 11:32 | Оливера Пешевска

              На свечената седница на Советот на Општина Куманово, што ќе се одржи денеска, ќе се доделат дипломи и парична награда на петтте добитници на Ноемвриската награда за 2022 година, највисоко локално признание за истакнати и заслужни личности кои работат во и за градот или со својата репутација и професионалност придонеле за афирмација на Куманово.

    Кумановоњуз ви ги претставува одблизу добитниците на Ноемвриска награда  2022

    Од 34 пристигнати предлози, Комисијата за одбележување празници, манифестации и доделување награди и признанија при Советот на Општина Куманово едногласно ги изгласала годинешниве добитници, кои ви ги претставуваме во продолжение

    Академик Витомир Митевски - Раководител на Лексикографскиот центар при Македонската академија на науките и уметностите .Зад него има повеќедецениска творечка активност преку издавање на многубројни научни трудови од областа на античката култура и филозофија.Работел како редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје при Институтот за класични студии. Најзначајно негово дело е капиталната едиција од 10 книги работени под заеднички наслов „Античката филозофија и нејзиното влијание“ .Член на МАНУ е од 2009 година.

     Синиша Кашавелски - Дипломиран ликовен уметник,член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија и на Друштвото на француските уметници.Досега има добиено многубројни награди и признанија во државата и странство и е автор на повеќе самостојни изложби. Уметноста на Кашавелски се формира под влијание на надреализмот, суптилно испреплетена со мотиви од богатата македонска традиција.

    Др.Зоран Ѓеорѓиевски  - Специјалист за општа хирургија,вработен во ЈЗУ Општа болница Куманово. Во својата долгогодишна професионална кариера има направено преку 5000 успешни операции. На два пати се кандидираше на локалните избори за градоначалник на градот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Два  мандати бил и пратеник во Собранието на РС Македонија.

    Садри Акифи - Просветен работник во пензија. Наградата му се доделува за особено залагање и постигнување на резултати во воспитно-образовната дејност. За тоа сведочат многубројни признанија и пофалници од државни институции, невладини и меѓународни организации. Од страна на Сојузот на албански наставници е избран за еден од најдобрите во својата професија во кумановско-липковскиот крај.

    Сашо Илиевски - Дипломиран правник и професор по физичка култура, вработен во Територијалната противпожарна едница Куманово. Допринел за афирмација на градот и државата со учество на државни, европски и светски првенства во кик бокс. Лично тој, но и спортистите што ги тренира, се добитници на највисоки медали.

    Добитниците, освен дипломи, меѓу себе ќе ја поделат и паричната награда од 100.000 денари.

    Од предложените 9 компании за Ноемвриска награда,  Комисијата  издвоила две    – Алфи Би Компани и Кентаур Импекс Дооел Скопје,подружница Искра Куманово.

    Кентаур е еден од најреномираните стопански субјекти во градот. Успешно работи на производство, изработка и монтажа на челични конструкции и опрема. Старите и дотраени машини во фабриката во целост се заменети со нови, софистицирани производни линии. Повеќе од 80% од производите се извезуваат.

    Трговското друштво за вработување лица со попреченост Алфи Би Компани Дооел Куманово е едно од најпознатите трговски друштва во градот и државата. Веќе 30 години успешно стопанисува со бела техника, алати,ламинати,санитарија,бела техника, градинарска програма и има повеќе од 50.000 различни продукти. Деновиве го прославува 13-тиот роденден на големиот техноцентар во Куманово.

    На свечената седница градоначалникот Максим Димитриевски ќе  додели и благодарници .Тој има дискреционо право да одлучува на кого и на колку личности или компании ќе врачи такви благодарници. За сега не е познато колку благодарници и на кого ќе бидат доделени.