Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општа болница Куманово е една од шесте болници кои до крајот на годината ќе добијат дигитален мамограф.
Министерството за здравство ги потпиша договорите за набавка на мамографите, а веќе течат роковите за испорака. Се работи за апарати во вредност од околу 40 милиони денари. Со набавката и инсталирањето на мамографите се зголемува бројот на јавни здравствени установи каде може да се врши ваква дијагностика, ќе се забрза протокот на пациенти, ќе се намали времето на чекање и ќе се помогне во спроведувањето на скринингот.
Покрај нашата болница, дигитални мамографи ќе добијат и Kлиниката по хирушки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје, Клиничката болница во Штип и во општите болници во Кавадарци, Прилеп и Кочани.