×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановската болница доби современ инкубатор донација од чешката амбасада

    11.11.2024 16:45 | Сузана Николиќ

    Одделението за неонатологија доби современ инкубатор, донација од амбасадата на Република Чешка. 

    Кумановската болница доби современ инкубатор донација од чешката амбасада

    Новиот инкубаторот е наменет за превреме родени новороденчиња или имале компликации при раѓањето, каков досега немало во Кумановската болница.

    „Околу 50 проценти од новороденчињата имаат потреба од нега и терапија, а дел од нив и во инкубатор. Ги сместуваме они со рана неонатална инфекција, со жолтица, предвреме родени со мала родилна тежина или оние кои претрпеле одредена траума за време на породувањето. Инкубаторот им обезбедува комфор и полесна транзицирање кон надворешната средина, спречува инфекција, штити од хипотермија и од преголема бучавост, преголема изложеноста на светлина, кажа раководителката на одделението д-р Александра Христова, која се заблагодраи на донацијата.

    На промоцијата присуствуваше и министерот за здравство Арбен Таравари, кој кажа дека апаратот можеби не е многу скап, но е многу битен во функционирањето на  неонатолошкиот оддел.

    „Се работи за инкубатор, кој недостасуваше во болницата во Куманово, и се надевам дека ќе користи на новороденчињата на кои им е потребен“, изјави Таравари.

    Амбасадорот Јарослав Лудва кажа дека станува збор за втора ваква нивна донација, првата била во Скопје.

    За донацијата се заблагодари и директорот Стефан Трајановски, кој кажа дека апаратото е од големо значење за нив, иако се намалени раѓањата на Гинеколошко-акушерското одделение во Кумановската болница. 

    „Апаратот е дојден на вистинско место. За 300 дена имаме 730 раѓања, меѓутоа дел од новороденчињата имаат потреба од ваков апарат. Искоритеноста на овие апарети е 30 отсто. Огромно е значењето и бенифитот, бидејќи апаратот е од последна технологија“, кажа Трајановски.