Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Единствениот специјалист уролог во Општа болница Куманово Фати Џемаили е незначен за в.д. директор, со што пациентите од Североисточниот регион ќе останат без оваа услуга во јавното здравство.
Министерот Фатмир Меџити, кој го стави Џемаили за директор, смета дека за тоа требале да мислат предходните министри и менаџери.
„За тоа требало да размислуваат господата моите предходници, но и предходните менаџери на Општа болница Куманово. Знаеме дека тука имаше многу проблеми и предходно, јас веќе нема да го дозволам тоа. Тоа за што треба да ме држите за збор е дека ќе напредуваат работите во Кумановската болница, како никогаш досега. И затоа отсега натаму нема да дозволам никакви злоупотреби, луѓе кои не менаџираат добро, да седат и да спијат. Ако сакаме здраво здравство за сите наши пациенти вака ќе работиме“, вели Меџити.
Граѓаните на Куманово веќе реагираат на оваа одлука и сметаат дека таа е на штета на пациентите, бидејќи и досега долго чекале да добијат термин кај докторот, а отсега ќе треба да плаќаат приватно или да патуваат до Скопје.