×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановската гимназија го одбележа патронатот и годишнината од загинувањето на Гоце Делчев

    04.05.2023 15:33 | Оливера Пешевска

    Гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово денеска одбележа 78 години постоење и годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев. 

    Кумановската гимназија го одбележа патронатот и годишнината од загинувањето на Гоце Делчев

    Пред бистата на Гоце Делчев во дворот на училиштето цвеќе положија делегации од здруженија на борци и ветерани, општинските власти и администрација, училишта и граѓани.

    Пред присутните се обрати директорката Марија Тодоровска, која кажа дека со голема почит и пиетет денеска се чествува 120 годишнината од смрта на големиот херој, деец на македонската револуционерна организација, апостол и срецето на револуционерна Македонија. 

    „Тој ќе остане врежан во колективаната меморија на нашиот народ, а наша обврзувачка задача е вечно да го негуваме и чуваме неговото дело. Продолжувајќи го делото на Делчев како поле на културен натпревар, нашето училиште посветено работи на големи проекти, капитални инвестиции за подобрување на инфраструктурата во образованието, се со цел да создаде најквалитени услови за едукација на нашите најмлади сограѓани“, кажа Тасевска.

    Пред присутните беше изведен пригодна програма од учениците. 

    Гимназијата „Гоце Делчев“ е најстарото средно училиште во градот, кое е препознатливо по квалитетот на работа и расадник на успешни кумановци во речиси сите сфери на општественото живеење.