Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Музичката група „Беседа“ од Куманово е победник на фестивалот „Лузер фест 2022“, кој е посветен на новата алтернативна музика на македонската сцена.
На фестивалот настапиле осум бенда на оф програмата на популарната манифестација „Таксират“, која ќе се одржи викендов во Скопје. Настапите ги оценувала публиката и стручна жири комисија.
„Материјалот за албумот е веќе подготвен, планираме да снимиме десет нумери. Песните се на англиски јазик, а текстот, музиката и аранжманот е колективен напор и креација на целиот бенд“, изјави Мирослав Јаневски, вокал и басист на „Беседа“.
Бендот „Беседа“ е формиран во 2020 година, во екот на ковид кризата. Членови на групата се Мирослав Јаневски-вокал/бас, Андреј Мициќ-тапани, Гордон Величковски-гитара, Немања Златановски-гитара. Изведуваат психоделичен стонер рок, стонер метал, со дум метал елементи и прогресивни бранови.
До крајот на годината имаат планирано настапи во Скопје и Битола и се надеваат дека дополнително ќе се популаризираат по победата на „Лузер фест“.