Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Моме Јакимовски од Скопје е нов началник на Кумановската полиција. Јакимовски денеска стапи на функцијата во СВР Куманово, кој ги покрива и соседните општини Крива Паланка и Кратово.
Од МВР велат дека станува за искусен професионалец кој долги години работи во МВР, а доаѓа од Оделот за организиран криминал Скопје.
Кумановската полиција беше 5 месеци без начелник, откако предходниот Љубомир Ѓурчески замина во пензија.
Дел од вработените во полицијата негодуваат на назначувањето на прв полицец од страна, бидејќи сметаат дека никој не можел подобро да ги познава состојбите во градот, од човек кој живее и работи тука.