×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановската полиција се сели во Бедиње

    20.09.2013 14:50 | KumanovoNews

     СВР Куманово ќе се пресели во поранешната команда на касарната Бедиње, откако ќе се реновира зградата.

    Кумановската полиција се сели во Бедиње

    Над 6 хектари земјиште и 5 згради во кругот на касарната Бедиње доби кумановската полиција од Владата. Откако ќе се преадаптираат старите објекти ќе се користат за потребите на полицијата и граѓаните.

    Од вчера МВР е сопственик на неколку објекти на поранешната касарна и дојдовме да ги видиме и да се договориме како да ги ставиме во функција на СВР Куманово. Со тоа ќе одговориме на позитивен начин на едно повеќегодишно барање на граѓаните, посебно во делот на растеретување на гужвите во управните служби, но и подобро функционирање на полициската станица во Куманово. Од она што можев да го видам на лице место навистина се работи за еден голем простор кој секако дека ќе треба да претрпи прилично големи интервенции за да се стави во функција. Потребите на граѓаните постојано се зголемуваат и ние мораме да обезбедиме подобри услуги за граѓаните - изјави министерката Гордана Јанкулоска, при денешната посета на поранешната касарна.

    Началникот на СВР Куманово, Момчило Јакимовски објаснува дека со овој простор СВР Куманово ќе добие нормални услови за функционирање.

    Концептот е целиот сектор за внатрешни работи да биде преместен. Има само 1200 метри од центарот и тоа се 10 минути што значи дека не е далеку од градот - рече Јакимовски.

     Министерката најави дека уште од утре ќе се започна изработка на акционен план за приоритети и за намена на просторот, но селидбата може да се очекува дури наредната есен.