Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По повод 1 април- Денот на работните акции, “Кумановски акцијаши“ ќе почнат со акции за чистење на повеќе локации во градот.
Прво ќе се чисти во населба Карпош, потоа во Тоде Мендол, месна заедница Бајрам Шабани, Спомен костурница и други места.
“Ова го правиме со цел да ги промовираме докажаните позитивните вредности на доброволното (волонтерско) работно ангажирање. Почнувајќи од овој викенд во текот наредните неколку недели, ќе имаме низа последователни акции организирани од страна на членовите на “Кумановски акцијаши“, на различни локации анимирајќи ги младите за уредување на својата непосредна средина на живеење, дворовите, улиците и други места. Овие активности ги нарековме “Кумановска пролет 2015“ - вели Јусуф Љатифи, претседател на “Кумановски акцијаши“.
Латифи ги повикува граѓаните да се организираат во своите средини и да направат акции за чистење на околината.